Кризни акции

ЦПКА планира, организира и спроведува психосоцијални и кризни акции во заедници погодени со акутна, или континуирана криза /конфликтни и пост-конфликтни заедници, мултиетнички или маргинални групи, или организации под ризик – училишта, неформални групи/

2019 – Унапредување на родовите еднаквости во менталното и социјалното здравје на децата од 11-15 години во македонските училишта /акционен проект за детсктите права, заснован на наодите од Студијата ХБСЦМ – поддржан од Градот Скопје, УНФПА и ЦПКА

- 2017 – во тек - Унапредување на сексуалното здравје и правата на сексуално маргинализираните млади, на еднаквост, недискриминација и учество - Серија акциони работилници со активот на стручни служби на средните училишта од Скопје /во соработка со Коалиција Маргини/

2017 - Ориентациони работилници за пристапување на Босна и Херцеговина до Меѓународната студија ХБСЦ, со поддршка на СЗО регионална канцеларија за Европа.

2017 – Градење родово чувствително училиште – пилот проект во три средни училишта, како дел од развој на училишна мрежа на родово безбедни училишта /во соработка со Маргини, и средните училишта: Орце Николов, Георги Димитров и Владо Тасевски.

2012 – во тек’ – Континуирна психосоцијална програма за помош и заштита на правата на родово и сексуално маргинализираните млади (ЛГБТИ + ), како и сите останати ранливи категории млади изложени на сите форми на насилство /девојки, деца, сиромашни, членови на обесправени заедници/ - Советувалиште за млади и родители, ЦПКА – Малинска, во соработка со Коалиција Маргини и Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Северна Македонија.

2009 – „ Училишта без насилство “- развојна програма со учество на стручни служби (психолози, педагози, социјални работници) од 20 средни училишта во Скопје – проект на Град Скопје

2005 – 2006 - Училишни мрежи - заедници за мултикултурен развој", во соработка со Бирото за развој на образованието (БРО) на Република Македонија и Швајцарската агенција за развој и соработка, канцеларија во Скопје

2002– 2004 - "Безбедно училиште во заедници под ризик", во соработка со БРО и Швајцарската агенција за развој и соработка / во рамки на "Европска мрежа на училишта што го унапредуваат здравјето во Република Македонија" - Проект на Бирото за развој на образованието на Р. Македонија од 1996-2006

2001 - "Подавање рака: Проект за поддршка и прифаќање на ромските деца бегалци во локалните училишта во Р, Македонија" во соработка со УНХЦР - канцеларија во Скопје

2001-"Училиште што го унапредува здравјето во кризни ситуации", во соработка со Бирото за развој на образованието и Швајцарската агенција за развој и соработка

2000 -2002 - "Итна психосоцијална и кризна акција во О.У. "Ј.Б.Тито" од с. Жировница", по повод опожарување на единственото основно училиштето Јосип Броз Тито, во селото – со поддршка на Фројденберг Фондација, Германија

2000 – 2001 - "Кризна интервенција во десет македонски училишта погодени со бегалската криза 1999", во соработка со УНИЦЕФ - канцеларија во Скопје

Информирај се за проектите на центарот или закажи термин во нашето советувалиште за млади


Контакт