Основни цели на Центарот
Програмите, проектите и активностите на Центарот се насочени кон унапредување на менталното и емоционалното здравје и поттикнување на психосоцијалниот развој на децата, младите и заедницата преку зајакнување на нивните позиции и компетенции за делување.
Помош и поддршка на поединци, организации и заедници во справување со последиците од брзи промени во заедницата
Активно вклучување на младите во реформските процеси - градење демократски и стимулативни регулативи за нивно учество во унапредување на заедницата
Организирање стабилни мрежи на соработка меѓу членовите на заедницата и нивно зајакнување за активно учество во: дефинирање на проблемите, артикулирање на потребите и процесите на одлучување
Поважни датуми од историјата на Центарот:

2001
Формирање Центар за психосоцијална и кризна акција (ЦПКА) како самостојна професионална агенција.

2002
Зачленување (со статус на рамноправна членка) во меѓународната истражувачка HBSC асоцијација на „Студијата за однесувањето поврзано со здравјето кај децата од училишна возраст од 11, 13 и 15 год.“

2003
Формирање Институт за развој, култура и иницијативи на младите (ИРКИМ), во рамки на Центарот

2008
Формирање Советувалиште за млади и родители во рамки на Центарот.
